Египетските безбедносни служби тврдат дека го убиле киднаперот на Салопек

0
507

Египетските безбедносни сили во низа напади на Синајскиот вилает наводно го убиле Абу ал-Касим, човекот што стои зад киднапирањето на Хрватот Томислав Салопек, според Скај њуз Арабија, пренесоа хрватските медиумиВо хеликоптерски напад на северот на Синај се убиени пет припадници на вилаетот. Оваа вест сè уште не е официјално потврдена, но медиумите наведуваат дека меѓу нив е убиен и еден од лидерите на Исламска држава.

30-годишниот Хрват Томислав Салопек беше киднапиран на 22 јули во Каиро, каде што работеше за француската компанија „ЦГГ“. Исламска држава во замена за него бараше ослободување на муслиманските жени од каирскиот затвор.

На 5 август киднаперите објавија видео во кое се заканија дека ќе го убијат Салопек, а една недела подоцна објавија и дека го обезглавиле. Ова, сепак, сè уште не е официјално потврдено.

Без коментари

LEAVE A REPLY