„Егзит“ почнува со нов фестивал на Јахорина

0
252

Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плажата Јаз, една година потоа и „Revolution“ во Темишвар, а од оваа година и „Sea star“ во Умаг, тимот на „Егзит“ почнува нов фестивал, кој ќе се одржи од 15 до 18 март следната година на Јахорина.

Организаторите соопштија дека фестивалската програма ќе биде конципирана како дневна и ноќна, по формулата 2+2, која се користи и за исклучително успешниот „Sea star“ фестивал во Истра.

Првиот ден на фестивалот ќе има ноќна забава за загревање, а следните два ќе биде отворени со цел капацитет и дење и ноќе, додека четвртиот ден е резервиран за дневна завршна забава.

Тимот на „Егзит“ во соработка со олимпискиот центар „Јахорина“ планира новиот фестивал во релативно кус рок да го позиционира меѓу најзначајните зимски музички фестивали на континентот.