ЕК и одобри на Хрватска итна помош од над 16 милиони евра за бегалците

0
216

– Со оваа одлука продолжуваме со поддршка на земјите членки соочени со зголемен број азиланти и мигранти. Ставаме на хрватските власти на располагање 16,43 милиони евра за подобрување на управувањето со границите и соочување со големиот бран државјани на трети земји, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврампоулос, се наведува во соопштението на ЕК.

Од 16,43 милиони евра, 3,99 се од фондот за внатрешна безбедност, а 12,43 милиони од фондот за азил, миграција и интеграција, наведува Хина.

ЕК претходно одобри пакет итна помош и за Словенија во висина од 10,17 милиони евра.