ЕК: Вонреден состанок поради штетните јајца

0
247

Европската комисија ќе свика вонреден министерски состанок поради скандалот со јајцата контаминирани со инсектицид, во настојувањата да им стави крај на обвинувањата и омаловажувањата, изјавил еврокомесарот задолжен за здравство, Витенис Андрикајитис.

Тој за агенцијата АФП рекол дека сака Холандија, Белгија и Германија да престанат со меѓусебните обвинувања кој е одговорен за предизвикување паника поради фипронилот откриен во јајцата, хемикалија која може да биде штетна за здравјето на луѓето.

Контаминираните јајца се откриени во 16 земји-членки на ЕУ, како и во Швајцарија и во Хонг Конг. Милиони јајца и производи направени со нив се повлечени во изминатите денови од полиците на супермаркетите ширум Европа.

http://makfax.com.mk