Еклозија во шахта од гасовод во Куманово

0
421

На 03.01.2016 година околу 04,00 часот, на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, поточно спроти Спортската сала, поточно на просторот помеѓу пешачка патека на Кеј и пешачка патека на самиот булевар дојдено е до експлозија. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен Обвинител, увидна екипа од СВР Куманово и од Одделот за антитероризам при МВР на РМ, при што е констатирано дека експлозијата е настаната на приземниот дел на бетонска шахта од дистрибутивен гасовод. Имено, засега непознат сторител фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при  испуштање на дозволена количина на гас од шахтата е дојдено до експлозија. Од лице место подигнат е предметен материјал. Од настанатата експлозија нема повредени лица, причинета е само материјална штета. СВР Куманово  работи на пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.