Ексклузивен гала концерт, 40 години Жељко Бебек

0
2140

Авалон продукција со големо задоволство ви го најавува својот втор проект за 2016-та година- ексклузивен гала концерт на еден од најголемите рок пејачи на Балканот на сите времиња, извонредниот Жељко Бебек, на 5-ти март во арената „Борис Трајковски“. Човекот кој што со „Bijelo dugme“ ги сними првите 6 антологиски албуми: „Kad bi bio bijelo dugme“, „Šta bi dao da si na mom mjestu“, „Eto! Baš hoću!“, „Bitanga i princeza“, „Doživjeti stotu“ и „Uspavanka za Radmilu M.“, доаѓа за прв пат во Скопје со свој соло концерт и со досега невидена формација, со 60 луѓе на сцена: симфониски и тамбурашки оркестар, како и неговиот матичен бенд кој ќе го придружуваат Бебек на сцената.

Скопскиот концерт на Жељко Бебек е во рамките на концертната турнеја која претставува круна во неговата кариера, во која оваа рок легенда слави 40 успешни години на музичката сцена во овие простори.

Харизматичниот Бебек на југословенската рок сцена се вивна во почетокот на 1970-те како фронтмен на „Bijelo dugme“ и стана синоним во најплодната музичка ера на групата. Како заштитен знак на „Bijelo dugme“, Бебек ги отпеа незаборавните: „Sve će to, mila moja, prekriti ruzmarin, snjegovi i šaš “, „Ne gledaj me tako i ne ljubi me više“, „Tako ti je mala moja kad ljubi Bosanac“, „Doživjeti stotu“, „Bitanga i princeza“, „Ima neka tajna veza“, „Selma“, „Odlazim“, „Što bi dao da si na mom mesto“,  „Sanjao sam noćas da te nemam“- песни кои што скопската публика ќе има шансa да ги слушне во негова изведба заедно со симфониски оркестар.

На претстојниот скопски концерт, освен хитовите на „Bijelo dugme“, публиката во речиси 3 часовно музичко патување ќе има прилика дa ги чуе и хитовите од неговата соло кариера.