Експертот од Ериксон си ја завршил работата

0
442

Дури по девет дена од влезот на Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање, конечно земени се сите податоци кои се бараа со судска наредба. Експертот од „Ериксон“ кој пристигна од Италија за неколку часа од помошните сервери во УБК ги одзел бараните информации и со тоа засега заврши претресот на СЈО во тајната полиција.

„Со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста“, соопштија од СЈО.