Експлодира возилото на убиецот на водачот на „делиите“

0
789

Душко Рогановиќ од Херцег Нови тешко е повреден кога нешто пред 15 часот експлодираше неговиот автомобил кој го возеше во Херцег Нови. Експлозијата се случила во моментот кога минуваше низ магистралата близу автобуската станица во тој град.

Тој во критична состојба е префрлен во болницата во Мелјинам, јавуваат црногорските медиуми. Освен Рогановиќ, со повреди се здобија уште две лица.

Душко Н. Рогановиќ од Херцег Нови, со првостепена пресуда е осуден на 12 години затвор за убиство на водачот на навивачите на „Делиите“, Марко П. Весниќ од Белград, и ранувањето на Ивана Марковиќ во Игала, а со одлуката на Апелациониот суд му е намалена затворската казна од осум години.