Експлозии во Брисел за време на денешната рација

0
498

Белгиската полиција денеска изврши рации во главниот град Брисел, во врска со смртоносните напади во Париз, јавија белгиските медиуми.

Тројца од терористите наводно живееле во Брисел, во населбата Моленбек, а во рациите е извршено и едно апсење. На Твитер беше постирана фотографија од апсењето, на која се гледа човек со лисици на рацете.

Градоначалничката на Моленбек, Франсоаз Шепман, рече дека не може ни да потврди ни да демантира дека постои поврзаност помеѓу нападите во Париз.

Извор близок на операцијата за белгиските медиуми рекол дека биле спроведени „две до три пребарувања, поврзани со нападите во Париз“ и дека еден човек е уапсен.

Претходно Ле монд јави дека еден од автомобилите што ги користеле париските напаѓачи имал белгиски таблички.

Сведоци рекоа дека имало два црни автомобили, од кои еден бил со белгиски таблички. Патникот на предното седиште бил опишан како „многу млад“.

 Ројтерс јави дека еден од напаѓачите е од Куркурон, јужно предградие во Париз, кое се наоѓа на само 8 километри од куќата на Амеди Кулибали, терористот што учествуваше во нападот во Париз во јануари. Кулибали уби четворица заложници во супермаркет, пред да биде убиен од полицијата.
За време на денешната рација одекнале мали две експлозии во муслимански кварт во Брисел.