Експлозии во Кабул по посетата на Кери

0
345

Најмалку две експлозии се слушнале во дипломатската област во Кабул кратко време откако американскиот државен секретар Џон Кери го напуштил главниот авганистански град во кој престојуваше во ненајавена посета. Засега нема информации за евентуални последици. Истовреме со екслозиите, како што се јавува, се слушнале и истрели од огнено оружје. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот но и претходно цел на нападите на талибанските бунтовници беа домашните и странски претставници.