Експлозија избувна во хемиска фабрика во Кина

0
139

Силна експлозија ја потресе хемиска фабрика во провинцијата Шандонг во Источна Кина, пренесе „ББС“.

Сеуште нема информации дали и колку жртви има во инцидентот.

Најблиску до фабриката е станбена населба на повеќе од километар оддалеченост од фабриката.

Воздухот околу експлодираната хемиска фабрика во кинеската провинција Шандунг е токсичен. Ова го соопшти весникот People’s Daily China повикувајќи се на пожарникари, кои во моментов се на местото на трагедијата.Тие ги расчистуваат урнатините од згради уништени од експлозијата.

Хемиската анализа на воздухот покажала присуство на опасни материи за здравјето на луѓето. Причина за излачување на токсините е супстанцијата адипонитрил што се содржи во производите во фабриката.