Експлозија на аеродромот во Шангај

0
524

Најмалку еден човек настрадал во детонација за којашто се претпоставува дека е експлозија на меѓународниот аеродром „Пудонг“ во кинескиот мегалополис Шангај, објавија кинеските медиуми и очевидци на социјалните мрежи.
Според државната Централна телевизија на Кина (CCTV), инцидентот се случил околу 14,42 часот по локално време (8.42 часот по македонско време) на терминалот Т2 на аеродромот „Пудонг“.

Телевизијата на својот акаунт на Twitter објави фотографија на којашто се гледа како медицински персонал на болничка количка евакуира повредено лице.

На друга фотографија на корисник на социјалната мрежа е војник со автоматска пушка пред терминал.

За можноста дека станува збор за експлозија извести и службената новинска агенција Xinhua. Во објавата на агенцијата на Twitter се наведува дека причина за експлозијата може да биде пиротехника, како и дека еден човек е повреден. /крај/мф/сн