Eксплозија на бомба во Црна Гора, загинаа две млади лица

0
2593

Две лица загинаа во силна експлозија која одекна во црногорскиот град Котор. Инцидентот се случил околу 16 часот и 30 минути, откако направата била фрлена во населбата Муо.

Жртвите биле на возраст од 25 и 28 години и биле жители на градот Котор. Тие се движеле пеш, кога во нивна близина се случила експлозијата.

Црногорските власти соопштија дека се преземаат координирани и интензивни активности за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот.