Експлозија во Анталија за време на митинг – има повредени

0
350

Двaјца луѓе се полесно повредени синоќа во експлозија на рачно изработена бомба во центарот на турскиот град Анталија, објави „Си-ен-ен Турк“.

Експлозијата одекнала за време на провладин митинг, а бомбата била поставена под клупа во тој дел на градот. Повредените веднаш се префрлени во болница.

Полицијата засега го истражува нападот, но не открива повеќе детали. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.