Експлозија во Будимпешта – повредени двајца полицајци

0
318

Двајца полицајци се повредени во силна експлозија која одекнала во сутерен во деловна зграда во центарот на Будимпешта, соопшти денеска полицијата.

Експлозијата се случила синоќа, околу 22.30 часот, а засега не е познато што ја предизвикало.

Повредените двајца полицајци биле во патрола кога одекнала експлозијата и се хоспитализирани.

Зоната на експлозијата е затворена, а зградите евакуирани. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек за да се одреди причината за експлозијата која не предизвикала пожар.