Експлозија во дворот на Радио-телевизија Косово

0
263

Силна експлозија, во понеделникот вечерта околу 22 часот, одекнала во дворот на Радио-телевизија Косово (РТК), во непосредна близина на сателитските предаватели, објави телевизијата наведувајќи дека во експлозијата никој не е повреден.

Косовската полиција веднаш по експлозијата ја блокирала зградата на телевизијата и започнала истрага која треба да утврди дали зградата на РТК е нападната со експлозивна направа.

Во моментот на експлозијата во просториите на РТК имало вработени новинари и техничари кои биле вознемирени од настанот. крај/мф/нц