Eксплозија во Косовска Митровица, осум оштетени автомобили

0
436

Осум автомобили претрпеле штети во експлозија што рано утринава одекна во Косовска Митровица, а материјална штета е предизвикана и врз блиска зграда. Во инцидентот нема повредени.

Експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена непосредно по 3 часот утринава. Косовската полиција изведува увид на местото на настанот и почна истрага за случајот.