Експлозија во купатило во стан во Нова Битола

0
2042

На 10.03.2016 година околу 14,00 часот во Битола, на ул.„Васко Карангелевски“  во станот сопственост на И.Т. од запалена свеќа која била поставена на машина за перење се запалил држач на кој биле поставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за асма, по што дошло до експлозија во купатилото, при што купатилската и надворешната врата се уништени како и сите прозори од дневната соба се искршени. Повредни лица нема. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.