Експлозија во Москва

0
513

Најмалку три лица се повредени во експлозија на автобуска станица во центарот на Москва, јави ТАСС повикувајќи се на полициски извори.

„Непозната рачно изработена експлозивна направа експлодира на автобуска станица повредувајќи три лица“, рекле полициски извори за ТАСС.

Итни екипи го истражуваат инцидентот и им помагаат на повредените на улицата Покровка, која води кон североисточниот дел на градот.

Рачно направената бомба била фрлена кон група луѓе што чекале автобус.

Три жени добиле повреди во експлозијата, пренесе Интерфакс.

„Две жени беа однесени во болница со рани од шрапнели, додека третата жртва претрпе помали расеченици и ѝ беше дадена медицинска помош на самото место“, изјави извор за ТАСС.

Без коментари

LEAVE A REPLY