Експлозија во ноќен клуб во Букурешт, најмалку 26 мртви

0
278

Најмалку 26 луѓе загинаа, а повеќе од 180 се повредени во експлозија која се случи во ноќен клуб во главниот град на Романија, Букурешт.

Се уште официјално не е потврдено од што настанала експлозијата, но се претпоставува дека е од користење на пиротехнички материјали.

Се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи во клубот во моментот на експлозијата имало околу 400 луѓе.

Повредените се пренесуваат во болниците во главниот град.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY