Експлозијата во Бангкок не е терористички чин

0
263

Тајландската полиција не верува дека експлозијата во Бангкок од 17-ти август не била чин на меѓународен тероризам, како ниту дека приведеното лице не бил осомничениот снимен на надзорните камери.

Мотивите за злосторството е „лична одмазда… не меѓународен тероризам“, изјави портпаролот на тајландскиот полиција Правут Таворнсири одговарајќи на прес-конференцијата пренесувана на државната телевизија. И воената хунта, која е на власт по политичките безредија, веднаш по нападот објави дека експлозијата во Бангкок не може да му се припише на меѓународниот тероризам,

Лицето коешто беше приведено во саботата, по пребарувањето на неговиот дом, не е осомничениот кој е регистриран на снимките од надзорните камери на местото на нападот, кои претходно ги објави телевизијата, додаде Таворнсири.

Осомничен за вмешаност во експлозијата во тајландската престолнина, беше уапсен во саботата утрото во неговиот стан во северниот дел на Бангкок, Во текот на претресот полицијата пронашла во станот материјали кои може да се искористат за изработка на експлозивни направи.

Помошникот на директорот на полицијата Чактип Чаиџинда изјави дека е „убеден дека осомничениот бил вмешан во нападот“ од 17-ти август. Меѓу предметите запленети во неговиот стан, била и кошула на која се откриен траги од ТНТ, експлозивот користен во нападот.

Подоцна во саботата попладнето тајландските власти соопштија дека уапсениот е турски државјанин, но без да го откриваат неговиот идентитет. Сепак, локалните медиуми објавија турска патна исправа која гласи на 28-годишниот Адем Карадаг од Истанбул, наводно најдена кај приведениот, како и уште неколку турски фалсификувани пасоши. Таворнсири на прес-конференцијата во саботата навечер не ги коментираше воопшто овие информации.

Експлозијата се случи на 17-ти август вечерта во центарот на Бангкок, и во неа загинаа 21 човек, а 123 беа повредени, од кои неколку сé уште се во критична состојба. Импровизираната бомба на далечинско управување во чиешто подготвување бил користен тринитротолуол, била поставена на оградата на хиндуистичкото светилиште на божеството Ераван (триглав свет слон) во периодот кога храмот бил особено посетен, меѓу кои најбројно се туристи од Кина, кои се и најбројни меѓу жртвите, како и од Сингапур и Тајван./крај/мф/сн