Експлозив под дресот на Меси: драматична снимка од апсење на момче пред да се разнесе

0
536

Ирачката полиција уапси момче со експлозивна направа под облеката неколку моменти пред да успее да ја активира во градот Киркук северно од Багдад.

Медиумите пренесуваат дека момчето има 12 или 13 години и дека експлозивот го криел под дрес на фудбалерот Лионел Меси. Момчето за кого се сомнева дека планирал да го активира експлозивот пред џамија, почнал да плаче, по што полицајците го одвеле.

Во последните неколку месеци џихадистите на Исламска држава сѐ почесто во бомбашки напади испраќаат деца.

Момчето е уапсено само 24 часа откако негов врсник изврши крвав напад на свадба во турскиот град Газијантеп, во кој загинаа 51 лице. Претходно за време на викендот две момчиња се разнесоа во бомбашки напад во градот Киркук.