Експлозивен настап на Дејвид Гета на Скопје колинг

0
940

Целиот настан Скопје колинг може да се оцени како високо професионално организиран, без грешки и недостатоци од секој аспект.

Пред настапот на Роберт Шулц публиката ја забавуваа македонски дицеи. А стадионот почна помасовно да се полни околу 23 часот.

Просторот околу стадионот беше одлично организиран без гужви и турканици. Робин Шулц ја загреваше публиката за ѕвездата на вечерта со негови познати хитови и со миксови од познати светски нумери. Евидентно беше присуството на помлада публика, што беше одлично расположена и разиграна. Ваква сцена одамна не сме виделе на концерт одржан кај нас, а посебно фасцинанти беа светлосните ефекти. Десет минути до полноќ заврши настапот на Робин Шулц.Дејвид Гета го започна својот настап точно на време како што и предходно беше најавено и на сцената се појави извикувајќи: „Поздрав Македонија“. Првично и се заблагодари на публиката што е тука со него и најави одлична забава. Светлосното шоу на сцената додека настапуваше Гета е нешто што не сме го виделе досега на настап или концерт во државава. Озвучувањето како што беше најавено беше совршено. Публиката го дочека нивниот миленик со одушевување. А тој пак затоа како прав професионалец ја вклучуваше публиката во својот настап и дозволуваше таа да го отпее вокалниот дел од неговите нумери. Раздвижен и весел на сцената Гета покажа како големите мајстори ја создаваат својата магија додека пуштаат музика.

Може слободно да се заклучи дека уживаа дури и оние што не се многу големи фанови на електронската музика, зашто стануваше збор за несекојдневен музички хепенинг.

www.mkd.mk