Екстерно од шесто, а не од четврто?

0
474

Денес во Собранието на Република Македонија на дневен ред се најдоа измените и дополнувањата на Законот за основно образовани и Законот за средно образование кои што ќе го подигнат квалитетот на екстерното тестирање во основното и средното образование во нашата држава, истакна пратеникот Драган Данев.

Како една од клучните измени во Законот за основно образование претставува промената на започнување на процесот на екстерно тестирање односно наместо екстерното тестирање да започне од 4то одделение како што беше досега, со овие измени тој ќе започне да се применува од 6-то одделние.

Како уште една новина која што се воведува е тоа што со новите измени и дополнувања на овие два закони ќе се овозможи на Државниот испитен центар да воведе апликација со пробни тестови на кои учениците ќе можат да вежбаат и да се подготвуваат за екстерното тестирање кое што ќе им следува кое впрочем ќе значи олеснување и приближување на учениците кон самиот процес на тестирање.

Со цел надминување на досегашните пропусти во процесот на екстерното тестирање на учениците, со овие измени ќе се овозможи и дополнително уредување на процесот на екстерното тестирање односно преку годишна ревизија и ажурирање на базите на дадените прашања ќе се подобри квалитетот на прашањата и системот на ектерно тестирање на учениците во целост.