Ектерното тестирање нема да се укине

0
1058

Екстерното тестирање е пример за регионот, и нема да прекине без разлика на шпекулациите од минатата година дека нема да има екстерно тестирање, вели Министерот за образование, Пиштар Љутфиу. Тој истакна, дека Министерството за образование работи на подобрување на условите за квалитетот во образованието.

„Ако ја споредите минатата година со оваа, ќе видите дека многу слабости се надминати. Екстерното тестирање е добар пример за регионот. Имало технички проблеми кои што се надминати и сега се е на ниво“, рече Пиштар Љутфиу, Министер за образование.