Еквадор го сопре пристапот до интернет на Џулијан Асанж

0
230

Мрежата за анонимно споделување на документи „Викиликс“ соопшти дека пристапот до интернет на нејзиниот основач – новинарот Џулијан Асанж, е запрена од неопределен државен орган од Република Еквадор, пренесува американското онлајн издание Business Insider.

– Можеме да потврдиме дека Еквадор го сопре пристапот до интернет на Асанж во саботата, непосредно по објавувањето на говорите на Хилари Клинтон за Голдман Сакс, изјавија од мрежата.

Над четири години Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада во главниот град на Велика Британија – Лондон, потсетува медиумот.