Ел Чапо бил фатен благодарение на интервју со актерот Шон Пен

0
414

Мексиканските власти соопштија дека успеале да ја откријат локацијата на којашо се крие нарко босот Хакин Ел Чапо Гусман и да го фатат благодарение на интервјуто кое што го дал во тајност пред неколку месеци на американскиот актер, Шон Пен.

Интервјуто на Пен со Гусман, кој досега два пати бегаше од максимално обезбедените затвори во Мексико, е објавено доцна синоќа на страницата на американскиот магазин „Ролин Стоун“, пренесува агенцијата АП.
Интервјуто наводно е направено кон крајот на 2015 година, неколку месеци пред да биде повторно фатен по шест месеци бегство.

Мексиканските власти знаеле за состанокот на Пен, Гусман и мексиканската актерка Кејт дел Кастиљо одржан во октомври и го следеле движењето на американскиот актер, што им помогнало да го откријат ранчот кајшто се криел наркобосот, навеле два извора од мексиканската власа.

Во интервјуто со Пен, Гусман се обидел да ја одбрани својата улога на чело со најголемиот нарко картел во светот. На прашањето дали е тој виновен за високата стапка на зависност од дрога, одговорил: „Не, тоа не е точно затоа што тогаш кога ќе умрам зависноста нема да биде ни малку намалена“.

Пен во текстот ги опишува строгите безбедносни мерки кои нарко босот ги презел за тајното интервју, но тие очигледно не биле доволни, бидејќи Гусман по одредено време беше уапсен.

Функционер од мексиканските безбедносни сили за АП потврдил дека токму интервјуто со Пен во октомври ги упатил властите на тоа дека Ел Чапо се крие во руралниот дел на сојузната држава Дуранго.

Полицајците тогаш одлучиле да не отвораат оган кон Гусман бидејќи се наоѓал во друштво на две жени и едно дете. Тој тогаш успеал да побегне, но властите сепак го лоцирале во куќа во Лос Мочис и го фатиле по престрелка во која загинале пет лица.
Функционерот наведува дека состанокот меѓу Пен и Гусман е одржан во Тамасули, место во покраината Дуранго, којшто се граничи со Синалом.

Мексиканската држава обвинителка Арели Гомес во петок рече дека контактите на Гусман со актерки и продуценти, во врска со можно снимање на филм поврзан со неговиот живот, на властите им дале нови информации за локацијата на најозогласениот светски нарко бос.
Пен во интервју за „Ролин стоун“ потврдил дека Ел Чапо бил заинтересиран да се сними филм за него и сакал во тој проект да учествува Кејт дел Кастиљо, која го договорила состанокот меѓу Пен и Гусман.

„Беше заинтересиран неговата животна приказна да биде раскажаа на филм,но тоа би и го доверил само на Кејт“, напиша Пен кој се појавува на слика со Гусман, ко која двајцата се ракуваат.

Ел Чапо беше уапсен во петокот по шест месеци бегство./крај/тј