Електричен спој на бандера кај Гроздот

0
599

Искри на сите страни, чад и пламен, ваква беше сликата денеска точно напладне на улицата Никола Тесла која излегува кај Гроздот. Во време кога е најфрекфрентно со луѓе настана спој на инсталацијата на бандерата.

spoj na zici

Граѓаните во паника , не знаеја што се случува, барем од она што ни го кажаа зад камерата. Некои почнаа да бегаат од страв, да не падне некоја жица над нив, а некои стоеја, гледаа, фотографираа и снимаа за да постираат на фејзбук. Се се случи за краток временски рок и за среќа никој немаше повреден.

bandera

Возило од ТППЕ во Битола веднаш пристигна на местото и го изгаси пожарот. Во телефонски разговор командирот на ТППЕ Костадин Поповски рече дека по дојава од дуќанџиите кои што се наоѓаат на оваа улица, веднаш испратиле едно против пожарно возило. Додава дека спојот на жиците од бандерата настанал поради оптоварување на мрежата. Дополнително ќе се утврдуваат причините за електричниот спој