Електрични оргазам и Бернајс пропаганда како дел од Битола отворен град

0
671

Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола), поддржан од УСАИД Македонија, го започна 15-тото издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.

Четиридневниот фестивал ќе биде одржан на различни локации на главната улица Широк сокак во Битола и ќе вклучува два улични концерти, уметнички инсталации и изложба на стрипови, проекција на документарни филмови за важни општествени прашања (загадувањето на воздухот и животните услови во студентските домови), како и неколку работилници за граѓански иницијативи.

– „Граѓанскиот активизам“ е главна тема на овогодинешниот фестивал, кој ќе послужи како важна платформа за многумина уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации, да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми преку културни активности-истакна програмскиот менаџер Маја Ангеловска.

Главниот настан е на 25 ти јуни, со настапот на Електрични оргазам и Бернајс пропаганда.

Сите настани се бесплатни.