Електричниот отпад ќе биде регулиран во Битола

0
631

Електричниот и електронскиот отпад, отпадното масло и друг вид на опасен отпад ќе биде регулиран во Битола. Оние граѓани кои што имаат ваков вид на отпад ќе може да се ослободат од него во дворот на ЈП Комиуналец

-Наскоро граѓаните ќе добијат собирен пункт за одлагање на посебен вид на отпад. Општина Битола има склучено договор со овластен постапувач и индиректно со ЈП Комуналец . Собирниот центар ќе се наоѓа во дворот на ЈП Комуналец каде сите граѓани кои имаат ваков вид на отпад ќе можат да го остават или пак ние ќе може да им го земеме отпадот бесплатно, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈП Комуналец, Битола

Пунктот за посебни видови на отпад е само продолжување на подигнувањето на свеста на граѓаните за чиста животна средина, рече Соклевски и додаде дека секоја општина согласно законските обврски мора да има ваков пункт

-На сила стапија повеќе закони, како Законот за управување на електричен или електронски отпад, Законот за управување со отпадни батерии и акомулатори, Законот за отпадни масла и Законот за управување со опасни материи кои што ги тангира на ниво на држава сите трговци или сите кои што го генерираат тој вид на отпад, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈП Комуналец

Законот за управување со електричен отпад стапи на сила минатата година според кој граѓаните несмеат старите и расипани телевизори, компјутерите и другите електрични и електронски уреди да ги фрлаат заедно со другиот отпад, туку треба на места кои се определени за тоа или да ги однесат во продавниците кои продаваат електрични и електронски уреди.

Електричниот и електронскиот отпад во себе содржи опасни елементи и тешки метали кои доколку дојдат во допир со природата се многу штетни и можат да предизвикаат големи штети на животната средина. Земјава се обврза да собира по 0,5 килограми електричен и електронски отпад по жител.

Според едно истражување 19 отсто од граѓаните во земјава чувааат по најмалку еден стар телевизор, 20 отсто стар телефон, 22 отсто ладилник, 17 отсто од граѓаните чуваат стар електричен шпорет, а дури 33 отсто од нив имаат по некој стар компјутер или печатач во своите домови или остави

Според планот на министерството за екологија, до 2020 година треба да се соберат годишно по 4 килограми електричен и електронски отпад по жител.