Elektricni Orgazam и Bernays Propaganda на „Битола отворен град“

0
1358

Младинскиот културен центар – Битола за годинашното издание на „ Битола отворен град“ го најавува големиот концерт на Elektricni Orgazam и Bernays Propaganda во сабота 25 јуни 2016 година со почеток во 21.00 часот.

Легендарната белградска рокенрол група Elektricni Orgazam за прв пат ќе настапи во Битола. Импозантната 36-годишна дискографија на бендот вклучува некои од најдобрите југословенски албуми, како „Како бубањ каже“, „Дисторзија“ и ред други. Покрај некои од најголемите регионални хитови и современите класики „Златни папагај“, „Дебела девојка“, „Крокодили долазе“, „Ја сам тежак као коњ“, „Бејбе ти ниси ту“ или „Игра рокенрол цела Југославија“, пред публиката ќе го претстават и последниот, од критиката и публиката одлично прифатен албум „То што видиш то и јесте“.

Bernays Propaganda се носители на македонската алтернативна музичка сцена и еден од најдобрите европски пост-панк бендови. После екстензивната европска турнеја во април и мај, за битолската публика ексклузивно ќе го промовираат новиот албум „Политика“. Новиот албум носи промена на звукот во кој сега доминираат меланхолични тонови како одраз на времето во кое живееме. Текстовите се жестоки како и секогаш и бескомпромисно го коментираат модерниот начин на живеење, како и позицијата на секоја индивидуа во модерното лудило, наречено демократија.

Кристина, Васко и Дени подготвуваат енергичен анстап за сите љубители на добрата музика со специјално видео шоу за публиката на „Битола отворен град 2016“.

Сите настани на „Битола отворен град 2016“ се отворени и бесплатни, а програмата на „Битола отворен град 2016“ е поддржана од USAID