ЕЛЕМ ќе го зголемува производството на струја, за да го намали увозот

0
509

Домашното производство на струја од ЕЛЕМ во последните десетина години е катастрофално. 3. 600 гигават – часови се проценките за производство за 2017 година  штo е рекoрднo нaјнискo прoизвoдствo oд пoстoењетo нa ЕЛЕМ“, вели новиот директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски. Вo 2016 година производството на електрична енергија изнесувало 4.300 гигават-часови, a  една од причините зошто Македонија годинава ќе произведе најмалку електрична енергија од кога било Миновски вели дека се должи на  недобро изведената ревитализација на блоковите 2 и 3 во РЕК Битола, направена во 2012-2013г. капитален зафат за кој се платени 66 милиони евра. Миновски уверува дека ЕЛЕМ прави се за да се сведе на најниско ниво потребата од увоз на електрична енергија до крајот на 2017 година.

„Ситуацијата со производството на електрична енергија во Македонија се движи во лош правец, односно од година во година производството значително паѓа. Во 2006-та произведени биле 6.510 GWh, во 2013-та бројките се веќе значително намалени, произведени биле 5.113 GWh, а во 2016-та- само 4.300. За годинава пак, предвидувањата се дека ќе завршиме само со 3.600 GWh произведена електрична енергија, што не било никогаш, односно е рекордно ниско нивно на производство на АД ЕЛЕМ“,  изјaви Драган Миновски – директор во ЕЛЕМ

Миновски го обвини претходното раководство дека работело неодговорно и недомаќински оставајќи ја компанијата во лоша финансиска состојба со кредит од 12 и пол милиони евра кој треба да се исплати до крајот на оваа година.

„На 7 август 2017 година, при примопредавањето на сметката на АД ЕЛЕМ, на истата имаше 7 милиони и 300 илјади евра расположливи средства. Но, до крајот на 2017-та ЕЛЕМ треба да плати кредити во износ од 12 ипол милиони евра. Што значи дека на сметката влегуваме во минус.Исто така, на сметката на АД ЕЛЕМ имаше депозити во износ од 17 милиони и 800 илјади евра, но тие се средства планирани за ремонтите во термоелектраните кои се вршат во моментот и за ископот на јаглен и јаловина во РЕК Битола до крајот на годината, како и за евентуалните набавки на електрична енергија во текот на зимскиот период“, изјaви Драган Миновски – директор во ЕЛЕМ

Миновски ги уверува граѓаните дека Управниот одбор на државните електрани прави максимални напори ова ниско ниво на производство кое се очекува, да се зголеми, со цел да се избегне или барем да се минимизира потребата од увоз на струја до крајот на 2017 година.