ЕЛЕМ набави струја по пониски цени, СДСМ скандализира да го прикрие поразот на изборите

0
620

„ СДСМ треба да знае дека поради временските околности состојбата со снабдувањето и со производството на електрична енергија е значително отежнато во речиси сите земји во регионот и пошироко. Тие фактори директно ја диктираат цената на електричната енергија на берзите во Европа, а не ЕЛЕМ“

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на пресот на Васко Ковачевски од СДСМ, кој обвини дека заради неодговорната власт, граѓаните за пет дена ќе платат речиси два милиони евра за набавка на струја.

„Не е првпат Македонија да ги дополнува потребите поради зголемена потрошувачка особено во зимските месеци, но СДСМ тоа сега се обидува да го скандализира, како што впрочем се обидува да скандализира и се друго. ЕЛЕМ во изминатите неколку дена успеа да набави електрична енергија по цени пониски од оние според кои во моментов се продава електричната енергија на берзите во Европа. СДСМ после изборите, очајно се обидува да бара проблеми таму кај што ги нема за да го сокрие 10-от јубилеен пораз од народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.