Елементарните непогоди сериозна причина за стрес

0
1090
Соочувањето со било каква елементарна непогода носи екстремно силен психолошки ефект.
Природните катастрофи се најсилни трауматски фактори.Од важност е ненадејното случување на неврмето што не дозволува никаква психолошка подготвеност како што не се знае ни интензитетот на опасност а ѓраѓаните реагираат со паника и стрес.
-Постојат три аспекти на стресори кои што предизвикуваат стресно реагирање кај луѓето а тоа што е најсилно и најмногу може да се контролира е стресниот фактор. Изјави Доц. др-Марија Котевска Димовска
Понагласена е можноста за изразена реакција кај децата поради недовршениот развој на одбранбениот механизам , кај старите лица поради објективната беспомошност, како и кај луѓето со одредени писхолошки тешкотии поради помала психолошка отпорност на трауми.Но дали може да има поголеми последици и дали сите исто реагираат ?
-Сеедно дали сте млади или стари, сеедно дали вашиот стрес се должи на елементарните непогоди  може многу лошо да се одрази врз вашето здравје.Колку една личност е позрела таа е повеќе свесна за себе и своите емоци.Вели психотерапевтот доц др Марија Котевска Димовска
Во цела ова вознемиреност на одреден начин добро е што колку толку ги обновуваме знаењата во случаи на елементарна непогода бидејќи и Битола повремено е потресувана од земјотреси .Од повеќе наврати свативме како функционираат земјотресите , со ударни бранови со афтершокови, а сватиме каква заштита е најдобра.
 https://youtu.be/cHVXoGW-GkU?t=1