Елено ќерко во хрватска изведба

0
360

Со обработка на македонската песна Елено ќерко, ансамблот Златне године од Велика Горица Хрватска, го започна концертот во Битола.

Ансамблот го води композиторот Синиша Белошевиќ кој често на настапите изведува песни на гитара што дополнително ја збогатува атмосферата.

Овој ансамбл, настапува на сите значајни манифестации, фестивали, во и надвор од Хрватска.
Во Македонија имаат гостувано повеќе пати, на Охрид фест во 2009 и 2010 година, а потоа во Скопје и Битола во 2012 година заедно со машкиот хор од Петриње, како и во 2014 тата година кога во Битола го изведоа божикниот концерт.

Концертот беше во организација на хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола, во соработка со битолскиот Завод и музеј.
Музиката која ансамблот ја изведува е разновидна -од класични до традиционални хрватски композиции, народни песни како и обработки на познати хрватски напеви но и на другите народи и современи музички композиции.

Во Битола репертоарот беше обогатен со сефардски композиции, традиционални хрватски од повеќе краеви на Хрватска, а целиот концерт беше заокружен со клапска далматинска песна.

После Битола, ансамблот Златне године учествуваат на меѓународниот хорски фестивал кој се одржува во Охрид.