Елина Гаранча на “Охридско лето”

0
776

Светски познатата оперска дива Елина Гаранча, од неделата веќе престојува во Охрид, каде што се во тек последните подготовки за свеченото отворање на манифестацијата „Охридско лето”. На Гала концертот, публиката ќе ја има можноста да ужива во настапот на мецо-сопранот што котира високо на светскиот ранг на оперски пејачи.

„ Почестена сум што сум овој фестивал кој зад себе има толку богата и долгогодишна традиција. Верувам дека мојот настап ќе биде континуитет на прекрасни и возбудливи настани што се дел од Охридско лето. За фестивалот Охридско лето слушав од моите колеги и пријатели Барбара Фритоли, Михаил Хворостовски, кои настапувале тука. Почестена сум што сум овој фестивал кој зад себе има толку богата и долгогодишна традиција. Верувам дека мојот настап ќе биде континуитет на прекрасни и возбудливи настани што се дел од Охридско лето“ вели познатата примадона од Летонија.

Со овие зборови позната оперска певица, примадоната Елина Гаранча од Летонија го најави својот концерт со кој вечерва, во 21 часот, во Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 56. издание на најголемиот фестивал во Македонија. Таа ќе изведе арии на Чајковски, Сен Санс и Гуно, специјално одбрани кои одлично соодветствуваат со силината и квалитетот на нејзиниот глас. Вториот дел од концертот е резервиран за најпознатите композиции од операта „Кармен“.