Елизабета Манели -Ташевска избрана за претседател на Апелациониот суд

0
883

Трoјца претседатели на судови се избрани на 215 седница на Судскиот совет.

Како што соопшти Судскиот совет на Република Македонија, за претседател на Апелациониот суд Битола – Елизабета Манели Ташевска, за претседател на Основниот суд Кочани – Дарко Ристов, додека за претседател на Основниот суд Охрид – Милчо Клишески.

Покрај огласот за избор на тројца судии во Врховниот суд, претседателот на ССРМ истакна дека денеска ќе се објави и оглас за избор на судии во основните судови, за завршените кандидати од петтата генерација на АСЈО, кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со кое истите веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе  ги носи нивната судиска функција.

Исто така, на денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија. /крај/со/ст