Елка кај Иванови за роденденот на Битолскиот театар

0
655

На 14-ти овој месец, на сцената на Битолскиот театар, ќе биде изведена премиерата на Елка кај Иванови на рускиот писател Александар Иванович В`веденски, чиј режисер е Ѕвездана Ангеловска.

Rежисерката истакна дека В`веденски е еден од претставниците на руската авангарда кој првпат се поставува на театарските сцени во Македонија.

Iнаку ова е трета претстава на Ангеловска на сцената на битолскиот театар после Градина и Хеда Габлер.

Во претставата ќе играат Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Елена Моше, Соња Ошавкова, Јулијана Мирчевска, Петар Спировски, Борис Чоревски, Менка Бојаџиева, Александар Стефановски, Марија Ѓаковска, Борче Ѓаковски и Александар Копања.

Во претставата се користени материјали од делата на Достоевски- Злосторство и казна, Младич и Идиот.

Станува збор за камерна претстава во 9 слики, која го отсликува општеството и детските болештини на самите луѓе и на општеството .

Без коментари

LEAVE A REPLY