Елвис Бајрам нападнат со секира и метални прачки во Шуто Оризари

0
491

Елвис Бајрам е пренесен во болницата “8 септември“ откако бил удрен во главата со метална шипка. Според извори од болницата, Бајрам не е во животна опасност, нема потрес на мозокот, но било интервенирано со 7 конци на главата, пишува а1он.

Тој е повреден во тепачка која се случила попладнево меѓу две групи во Шуто Оризари, а од полицијата потврдуваат за инцидентот и најавуваат повеќе информации по завршување на увидот на местото на настанот.

Пред „8 септември“ се насобрани поддржувачи на актуелниот градоначалник на Шуто Оризари.

Ти кажуваат дека биле нападнати од повеќе луѓе, и имале со себе шипки и секири. Тој не знае што точно се случило и со што е удрен, додека траел собирот на граѓаните во општината.

Тој е кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.

Без коментари