Емануел Макрон и Марин Ле Пен во вториот круг

0
741

Емануел Макрон, кандидатот на „Во движење“ со 23,7 отсто од гласовите и Марин Ле Пен од крајно десниот Национален Фронт со 21,7 отсто од гласовите се победници во првиот круг на претседателските избори, на кои се претставија единаесет кланидати, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова се неофицијални резултати, но се објавени исти или многу слични од речиси сите различни институти и медиуми.

Излезеноста на изборите е околу 77 отсто, односно пред гласачките кутии не се појавија само 23 отсто од гласачите, што е повеќе во споредба со 2012 година, кога не гласаа 18,63 од гласачите.

Емануел Макрон порача дека Франција врти нова страница во политичката историја.

-Французите изразија желба за променба. Очигледно вртиме нова страница во политичката историја на Франција, изјави Макрон за АФП.

Директорката за кампања на Марин ле Пен истакна дека изборите сега станаа референдум за и против глобализацијата.

Францускиот премиер Bернар Kазнев ги повика демократите во вториот круг на претседателските избори на 7 мај да гласаат за Макрон. Ист повика преку твитер упати и министерот за надворешни работи Жан Марк Еро.

Се очекува дека сите други кандидати ќе ги повикаат своите приврзаници да гласаат за Макрон. Тоа веќе го направи кандидатот на социјалистите Бенуа Амон кој веднаш по објавувањето на резултатите ги повика неговите гласачи на 7 мај гласот да го дадат на Макрон.