Емил Димитриев технички премиер до избори?

0
561

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев ќе биде нов македонски премиер во преодниот период до изборите на 24 април, јавија вечерва повеќе медиум.

Официјално, од партијата не ја демантираат, ниту пак потврдуваат оваа информација.

Вечерва за ова прашање заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриев е  генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од месец јули 2013 година.

Во 2011 година Димитриев беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана, функција што ја обавуваше од 2008 година.

www.mkd.mk