Еминем му се нафрли на Трамп, со дуксери на македонски јазик

0
1567

Раперот Маршал Метерс или познат како Еминем, деновиве е актуелен на социјалните мрежи и на интернетот воопшто откако упати остри зборови за американскиот претседател Доналд Трамп, во рапувањето во слободен стил.

Го нарече „камиказата кој веројатно ќе предизвика нуклеарен холокауст“.

Еминем го критикува Трамп поради неговите твитови, реакциите во Порторико, скандалот поврзан со NFL и други актуелни теми.

Јавноста не му заборава на Трамп за посетата на Порторико по ураганот Марија, каде што констатираше дека Порторико би трбело да биде среќен за бројката на животи кои ги загуби бо споредба со разорниот ураган во Њу Орлеанс за времето на Катрина.

На митинг во Алабама, Трамп им порача на сопствениците на клубовите од НФЛ рагби лигата, да ги отпуштат сите играчи кои клекнале во моментот на интонирање на химната бидејќи со тоа ја навредувале Америка и сите американски вредности, а играчите ги нарече „кучкини синови“.

На Трамп нема да му се допадне да има ваков непријател каков што е Еминем, особено затоа што направил „дис“ за многу познати личности од јавноста а кои изгубиле во битката со него.

Ова што е интересно во видеото на Еминем, се дуксерите на американските рапери West Side Gun и Conway, браќа од Бафало, Њујорк. На нивните дуксери испишан е зборот „Семоќниот“ на македонски јазик и кирилица.

Раперите West Side Gun и Conway се дел од продуцентската куќа Griselda Records, додека пак Shady Records која ја води Еминем стана нивни заштитник и главен издавач.

http://novatv.mk