Емисии

Емисии

ФОЛК МЕТАР

Во наплив на многу неквалитет и кич во народната музика,
ТЕРА телевизија со емисијата ФОЛК МЕТАР го демантира тоа
.Интервјуа со познатите и со помалку познатите личности кои го негуваат фолкот како музички жанр.
Избор на квалитетна музика и многу вести за македонската естрада. Триесеттина минути посветени на фолк музиката, сосем доволни да се задржи
вниманието на гледачите, но и да се зачува македонската традиција низ фолклорот преточен во песна
САБОТА ВО 19.30 ч.

ПРИЈАТЕЛИ

Повеќе...
Пријатели-емисија за домашни миленичиња
Ги сакате животните? А иматели домашен миленик?
Доколку еден од одговорите на овие прашања е ДА, тогаш не пропуштајте ја единствената емисија за домашни миленичиња „Пријатели”. Едукативно забавна емисија од која ќе научите многу повеќе за вашите домашни миленици.
Гледајте многу раси на кучиња,разновидни животни но и познати личности со нивните миленици. Исто така слушајте ги советите од ветеринарите и
секогаш бидете отворени во вашиот дом да вдомите или купите миленик.
Пријатели, затоа што милениците се нашите најверни пријатели!
Недела 15:30 
 

БТ Топ 10

Повеќе...
 
„ БТ ТОП 10″. единствена телевизиска музичка емисија во регионот, која ќе го пополни празниот простор во промовирање и поддршка
на големиот број изведувачи од Битола кои своите авторски композиции и видео записи немат можност да ги промовираат на националните медиуми.
Емсиијата е во продукција на​ „Гнасни деца” Продукција кои зад себе веќе имаат голем број проекти,
а ќе ја водат познатите музичари од групата Паркети – Сашо Паркет и Симс Себастијан
​.
Гледајте БТ ТОП 10 на ТЕРА ТЕЛЕВИЗИЈА НЕДЕЛА 17:30