Емотивен концерт на ученици од музичкото училиште за Боби Коминовски

0
1990

Во чест на починатиот професор Боби Коминовски, музичкото училиште од Битола каде Коминовски беше професор во дувачките класи, организираше концерт.

Коминовски освен професор во музичкото, беше познат музичар и кларинетист со повеќе музички групи во Битола.

На концертот настапија повеќе ученици на ова училиште.

Истиот побуди емоции и солзи на лицата на присутните роднини и пријатели.

На програмата беа дела од познати автори, композитори, како што се-Раков, Грејт, Боза, Меркаданте, Моцарт, Чаусон, Кинастон.

На крај керќата на Коминовиски, Тамара, ја изведе композицијата Рефлексија на вода на Клод Дебиси.

Минатата година и обновениот дувачки оркестар кој функционира под Центарот за култура, првиот концерт го посвети на Коминовски.