Емотивна средба на Сара Ароести со Битола

0
1465

Еврејската Шакира, Сара Ароести е ладино музичар од Менхетен, со еврејско потекло од Македонија. Таа застанува во првите редови на современата ладино музичка преродба.

Сара израснува во Принстон, Њу Џерси. Нејзините семејни корени можат да се следат во Битола, од каде била нејзината мајка и Солун, каде постоела голема еврејска колонија која речиси била целосно уништена во Холокаустот.

Нејзиниот најголем копнеж бил таа да си дојде повторно “дома”. Да си го види својот дом за кој и кажувала нејзината мајка од фамилијата Ароести.

Во срцето на Широк Сокак наспроти хотел Епинал се наоѓа куќата на нејзините претци, со сеуште сочуван стар европски неокласичен стил.
Настанот беше по иницијатива на Г-дин Владо Стојанов, поддржан од
Здружението АРХАМ, порталот Битола, бабам Битола, фестивалот Локум
фест-музика и традиција и домаќинот , Центарот за култура Битола.
Во рамките на овој настан гостинката презентираше фотографии, видео и спомени
за нејзиното семејство и Битола, а воедно настапи со изведба на познати
ладино песни од нејзиниот репертоар.

Во нејзината песна “Чика Морена”, која Сара ја отпеа во Битола, главниот лик, со помош на сеќавања и спомени на семејството, го наоѓа патот назад дома.
– Можеби сите ние, како и јас еден ден ќе си го најдеме повторно својот дом и ќе се вратиме назад, е најголемата желба на Сара Ароести.