Емоционалната интелегенција клуч до успехот

0
636

Дали сте способни да ги препознаете сопствените и емоциите на луѓето околу вас? Дали можете да управувате со вашите емоции? Дали постојано имате проблеми со вашите другари, колеги, професори, родители, роднини и останати значајни фигури на социјален план? Одговорот на сите овие прашања е во емоционалната интелегенција. Познавачите велат дека таа е модератор, доколку е развиена кај луѓето и може да го намали негативното емоционално реагирање , односно да го подобри позитивното емоционално реагирање на стресни ситуации, неприлики и предизвици

– Емоционалната интелегенција како современа психолошка парадигма е способност која спаѓа во развојна категорија која што може да се развие со различни пристапи, не со когнитивен пристап т.е пристап на учење туку по емоционален пристап, и тука психотерапијата наоѓа големо место и улога бидејќи таа во еден пристап со контактот во себе и развој на своите вештини овозможува развој на емоционалните компетенции, изјави доц.д-р Марија Котевска Димовска, психолог гешталт-терапевт

Емоционалната интелигенција се однесува на способноста да се перцепираат, контролираат и евалуираат емоциите. Некои истражувачи велат дека емоционалната интелигенција може да се научи и да се подобри и зајакне, додека други тврдат дека е тоа способност со која одредени луѓе се здобиваат од самото раѓање.Луѓето кои ја поседуваат оваа интелигенција е докажано дека се поуспешни на професионален план од останатите. Таа може да влијае на различни аспекти во животот, велат експертите

-Тие се способни да го пронајдат вистинскиот пат на најдобар и најлесен можен начин преку луѓето без разлика дали тие им се надлежни, обични колеги или подредени. Разбирањето и управувањето на своите и на чувствата на тие околу вас е несомнено многу корисна способност за мотивирање на самите себе, менаџирање на вашето расположение, контрола на импулсивните реагирања и пред се’, подобрување на квалитетот на вашиот живот во целина, додаде Котевска Димовска

Експертите со апел дека треба да се води сметка за емоционалната интелегенција, да се вложува во нејзиниот развој. Вие ја имате способноста да научите како подобро да раководите со емоциите како и да го подобрите вашето психичко, физичко и социјално здравје.