Епидемија на грип во Битола ?

0
1004

Центарот за јавно здарве од Битола информираше дека состојбата со грипот во Битола се влошува.Но , тврдат дека место за паника нема. Ако во Битола во петтата недела од Јануари сме имале 265 пријавени , во првата недела од Февруари се пријавени дополнитени 440 лица.Вкупно 260 сега плус 440 и плус 439 во оваа шеста недела која сеуште не е обработена во јавното здравје . Во јавноста постојат потврдени инфомации дека четирите починати лица во Битола се лекувани од грип.Центарот за Јавно Здравје од Битола заради немање на официјална потврда од Скопје, не располага со информација дека четирите лица починале од грип. Во Центарот за Јавното Здравје во Битола во делот од епидемиологија каде што би требало да пристигнат пријава за потвдра на смрт или болст од грип ,досега не сме добиле. Досега статистиката зборува вака Во Република Македонија најголем број на лица заболени од грип има во Струмица – 1072, потоа Прилеп-1013, па Куманово-853, и Битола-711. Остануваат препораките на службените лица за превентивата од грип. Изјава :Дополнителен напор, непотребно излегување , физичка или било каква активност не е потребна .Мирување ,земање течности и витамини е она што го препорачуваат и другите докроти ,интернисти , анестезиолози . Лекарите и со апел до граѓаните да не земаат било какви лекови на сопствена рака .