Епл ленд профункционира на Макази

0
1305

По цена од 70 илјади евра, во 2013 се купи градежната парцела во Индустриската зона „ Макази “. Започна со изградба кон крајот на февруари 2014, а вчера беше ставен во функција откупно – дистрибутивниот центар за јаболка во Ресен, „ Епл ленд “.
Виктор Мизо директор на Технолошко развојните зони вели дека овој откупен центат е во вредност од 5 милиони евра инвестиција.
Нема да се фрлаат веќе јаболката по нивите заради тоа што немаше пласман, се наѕира крајот на маките на преспанчани.
Ѓоко Стрезовски градоначалник вели дека со овој откупно дистрибутивен центар на преспанчани ќе им се решат многу проблеми.
Од откупниот центар ќе се извезуваат јаболка во Русија и на Блискиот Исток.
Михаил Цветков министер за земјоделство вели дека со новата технологија која ја поседува овој откупен центар, јаболката ќе може да се чуваат и до 10 месеци.
Сопственикот на компанијата најави нови инвестиции во Македонија.
Абдошамак Насер од „Епл Ленд“,вели дека поволни се условите и планираат проширување на капацитетот.
Заложбата за подобрување на условите за живот со акцент на развој и поддршка на земјоделците се потврдува со оваа прва странска инвестиција во Преспа, истакна премиерот Груевски.
Почетно е предвидено откуп на 5000т во втора фаза 10 000 тона, но новата технологија има капациет за 20 000т со што овоштарите немора веќе да стравуваат за пласманот на своите јаболка, истакна премиерот на РМ Никола Груевски.
Во Епл ленд ќе се вработат 100 лица во првата фаза, и дополнителни 100 во втората. Поволната бизнис клима и одличната соработка со владата е најголемата причина поради која инвеститорите од Дубаи ја одбраа Македонија како земја каде ќе го лоцираат својот дистрибутивен центар.