„Епл“ загуби 158 милијарди долари по берзанските осцилации во САД

0
339

Американскиот технолошки гигант „Епл“ загуби 158 милијарди долари како резултат на берзанските осцилации во САД изминатиот период.

„Епл“ останува најскапа компанија во САД, чија пазарна вредност во моментот се оценува на 618 милијарди долари, но претходните смели прогнози дека нејзината вредност може лесно да надмине 1 трилион долари, беа заменети со опасност за можен понатамошен пад, пишува весникот „Ју-Ес-Еј Тудеј“, пренесува ТАСС.

Весникот ги анализира драматичните настани на Волстрит изминатите неколку дена, предизвикани во голема мера од состојбата во кинеската економија. Само за една трговска сесија во петокот акциите на „Епл“ паднаа за цели 6,72 проценти на 106, 02 долари за акција.

Според весникот за експертите е важно дека во целина, акциите на „Епл“ годинава се во минус од 3,2 проценти. Тоа значи, дека има пад и намалување на растот во претходните месеци, што достигна 22 проценти.

Без коментари

LEAVE A REPLY