Ердоган:Експлозијата провокација пред изборите

0
192

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека експлозиите во кои загинаа две лица, а беа ранети над 100 на југоистокот на Турција се провокација чија цел е да се загрози мирот пред парламентарните избори во недела.

Ердоган во соопштението изрази жалење поради инцидентот и сочувство до породиците на жртвите, пренесе Reuters.

Тој информираше дека државните власти спроведуваат темелна истрага за инцидентот.

Две еклозии одекнаа на митинг на прокурдската опозициска Народна демократска партија, по што накратко дојде и до судир помеѓу активисти и полицијата, која употреби солзавец и водени топови.